По повод Ноќта на вештерките, која традиционално се слави последната ноќ од октомври, Ким објави фотографии од нејзиниот син Сеинт облечен во костимот на бразилскиот фудбалер Нејмар, но во зомби верзија.
Нејмар, кој со години е член на Ал Хилал од Саудиска Арабија, е еден од најпопуларните светски фудбалери, а е и еден од идолите на нејзиниот син. Сепак, ова негово издание, поточно нејзината објава, наиде на бројни осуди.
Во коментарите има масовни критики бидејќи костимот на детето е целиот крвав, искинат, па дури и неговата топка е половина „излегува“ од неговото тело.
View this post on Instagram
Со оглед на тоа што досега во Појасот Газа се убиени над 2.900 деца, а секојдневно сме сведоци на шокантните сцени од тој регион, многумина сметаат дека изборот на ваков костим е несоодветен.
„Ким, многу луѓе умираат во моментов“, „Децата во Палестина го гледаат ова секој ден“, „Знаеш ли што се случува во светот во моментов?“, се само дел од коментарите кои можат да се видат под оваа нејзина објава.