20.8 C
Скопје
19 септември, 2025
СТАНДАРД life
Шоубиз

Мила Кунис и Ештон Качер ја издаваат својата куќа на плажа, еве како изгледа

Актерската брачна двојка Ештон Качер и Мила Кунис одлучија да ја изнајмат својата куќа во Санта Барбара. Веста ја објавија со видео на Инстаграм, а оставија и линк преку кој може да се изнајми куќата.

„Ова е најлудата идеја што сум ја имал. Останете со нас во нашата куќа на плажа и заминете како да сме стари пријатели“, напиша Ештон.

На линкот за изнајмување стои дека оваа куќа е нивниот „дом далеку од дома“ и дека оние што ја изнајмуваат се на само неколку чекори од плажата, а имаат и поглед на планините Санта Инез.

Во огласот споменаа и посебна поволност за оние кои ја изнајмуваат куќата. „Ќе бидеме таму за да ве пречекаме кога ќе пристигнете и ќе се погрижиме да имате се што ви треба за удобен престој на плажа. Ќе ви бидат обезбедени оброци и закуски, па известете нè дали има некакви алергии или други диететски ограничувања што треба да ги имаме на ум“, напиша парот.

Во куќата може да се сместат најмногу четири гости, не се дозволени домашни миленици, забрането е пушење, а безбедносните камери на имотот работат цел ден.

Куќата не е достапна за изнајмување преку целата година, но Ештон и Мила решиле да ја изнајмат само за една ноќ, од 19 до 20 август.

Поврзани вести

Кејт Винслет: Воопшто не разбирам што е драмата со голотија пред камери

Urednik

Илјадници луѓе се упатија кон австралиското село заради Елвис Присли

Radmila Tasevska

ТАА БЕШЕ ТИВКО СТРАДАЊЕ НА СЕКОЈ МАЖ: Памела Андерсон се појави без трошка шминка на настанот и ги инспирираше сите жени!

Radmila Tasevska