СТАНДАРД life
Шоубиз

Ни трошка меланхолија: Меган Маркл во опуштено дружење на роденденот на Чарлс Трети

Како што изгледа од најновите фотографии, Меган Маркл ни секунда не зажали што претходните денови не го посети Лондон по повод роденденот на кралот Чарлс Трети. Имено, додека британскиот крал овој вторник го прославуваше роденденот со семејството и хуманитарната работа со посета на центар за распределување на вишок храна, Маркл беше забележана на другиот крај од светот како опуштено ужива со пријателка.

42-годишната девојка уште еднаш покажа дека шорцевите и се омилено парче облека за лежерни комбинации, а овој пат одлуката падна на широк сив модел на шорцеви, кои ги искомбинира со тесна црна маичка со долги ракави. Со оглед на тоа дека Маркл навистина ги следи трендовите, не е изненадување што изгледот го комплетираше со пар црни балетанки со ремен околу глуждот.

За да привлече што помалку внимание, Меган носеше и шик црни очила за сонце.

Доброто расположение на „принцезата“ е јасно од насмевките на фотографиите, а таа помина пријатен ден во друштво на нејзината пријателка Кели МекКи Зајфен, коосновач на заедницата „Алијанса на мајки“, која ги поддржува трудниците и родителите на тинејџери во згрижувачки семејства.

Хуманитарната работа на Меган и Хари ја допре споменатата заедница, па тие донираа 5.000 долари во името на Арчи и Лилибет на страницата GoFundMe. Уште во мај во пресрет на Денот на мајката, Кели сподели фотографија со Меган на нејзиниот Инстаграм профил. На фотографијата и двете носат маици од „Community Motherhood“ за поддршка на непрофитната организација.

„Секогаш сте први што кажувате „да“ и ги поддржувате оние што ги сакате. Вие сте жесток застапник за оние на кои им е потребна помош. Ви благодариме што се приклучивте на овогодинешната кампања за поддршка на младите и родителството во Лос Анџелес, која помага да се обезбедат критични услуги, образование, ресурси и застапување за да можат да изградат подобра иднина за себе и за своите семејства“, се заблагодари една пријателка за нејзината поддршка во тоа време.

Принцот Хари и Меган Маркл ја одбиле поканата за роденденската забава на кралот Чарлс

Поврзани вести

Стифлер од „Американска пита“ се разведува по четири години брак

Radmila Tasevska

Илјадници луѓе се упатија кон австралиското село заради Елвис Присли

Radmila Tasevska

📷Оптичка илузија или Photoshop? Многумина ги збуни еден детал од фотографијата на Ким Кардашијан

Urednik