Малку пливање во морето пред Лос Кабос, па пауза за фотографирање за Инстаграм, сето тоа со многу смеа и добро расположение. Овие зборови би можеле да го опишат одморот на 56-годишната Салма Хајек, која беше фотографирана со семејството на нивната јахта закотвена пред тој мексикански град.
Годинава го убедила својот сопруг, милијардерот Франсоа Анри Пино, да ја „насочи“ јахтата кон нејзината татковина и не погрешила.
Сепак, таа сама увидела дека одморот не може да помине без упорните папараци, бидејќи тие од безбедна далечина снимиле што се случува на луксузната јахта.
Одамна позната по своите облини, овој пат познатата Мексиканка направи фотографии кои, сигурни сме, ќе ги запалат социјалните мрежи, бидејќи во преден план е нејзиното бујно деколте во сино-бели бикини.
Оваа убавица, која е позната по тоа што сè уште не се предава на шармот на естетските зафати, па дури и избегнува да оди на фризер, прифаќајќи ја својата седа коса, овој пат отиде чекор понатаму, откако се одлучи за фотографии на кои таа нема ни малку шминка.