СТАНДАРД life
Шоубиз

Пол Мекартни: Она што ми го кажа Џон Ленон пред да почине ме шокираше

Пол Мекартни се осврна на животот на Џон Ленон на подкастот на радиото iHeart и откри како покојниот член на Битлси размислувал за смртта со години пред да биде убиен пред неговиот стан во Њујорк на 40-годишна возраст.

Мекартни откри дека Ленон бил нервозен што не знаел како луѓето ќе го паметат по неговата смрт: „Се сеќавам како ми кажа дека е загрижен како луѓето ќе го паметат кога ќе умре и тоа многу ме шокираше. Реков дека сите ќе го паметат како одличен музичар затоа што направи многу за да го докаже тоа“.

„Бев на некој начин како неговиот свештеник. Честопати ќе морав да кажам: „Синко, ти си одличен, не грижи се за тоа“, и тој ќе го прифатеше тоа. Тогаш ќе се почувствуваше многу подобро“, додадена.

81-годишниот музичар откри и како е да се работи со Ленон: „Кога некој ќе ме праша како е да се работи со Џон, велам дека беше неверојатно“.

Тој се присети и на моментот кога дознал дека Ленон е убиен на 8 декември 1980 година, а веста за неговата трагична смрт одекна низ светот: „Не можев да кажам со зборови. На сите им беше тешко бидејќи беше толку сакан и луд тип. Тој беше навистина посебен“.

Поврзани вести

Поп пејачка почина по операција за намалување на градите

Radmila Tasevska

(ФОТО) Џеј Ло повторно фасцинира со завидната линија во бикини

Urednik

📽 Oддадена почест на Метју Пери на доделувањето на Еми наградите

Radmila Tasevska