СТАНДАРД life
Шоубиз

Заврши историскиот штрајк на актерите: Погледнете кои филмови продолжуваат да се снимаат веднаш

Во четвртокот, по 118 дена, заврши штрајкот на американскиот синдикат SAG-AFTRA, во кој членуваат околу 160.000 филмски, гласовни и телевизиски актери и сите оние кои се занимаваат со слични професии. Ова беше и најдолгиот штрајк на актерите досега.

Како што објави „Дедлајн“, веднаш по штрајкот ќе почнат да се снимаат дел од филмовите кои беа ставени на пауза, иако почетокот на снимањето беше најавен дури за јануари. Меѓу оние кои веднаш ќе почнат да се снимаат е и филмот „Deadpool 3“. Главните улоги ги толкуваат Рајан Рејнолдс и Хју Џекмен, а режиран е од Шон Леви. Според странски медиум, снимањето ќе започне веќе оваа недела, а половина од филмот наводно е веќе снимен.

Филмската екипа на „Gladiator 2“ веднаш ќе започне со снимање. Режисер на овој филм е Ридли Скот. Во тек е и снимањето на филмот „Beetlejuice 2“ во режија на Тим Бартон. Остануваат само два дена од снимањето на овој филм. Клинт Иствуд го режираше филмот „Juror No. 2“, кој исто така веднаш ќе продолжи со производство, а им остануваат уште десетина дена да го завршат филмот. Главните улоги ги толкуваат Николас Холт и Тони Колет.

„Sony“ веднаш продолжува со работа на филмовите „Venom 3“ и „It Ends With Us“. Филмот „It Ends With Us“ е најавен за следната година, а терминот за премиера се уште не е одложен. Во него играат Блејк Лајвли и актерот Џастин Балдони.

Снимањето на Формула 1 филмот на Apple, кој се уште нема име, продолжува. Во него во главната улога ќе го видиме Бред Пит. Исто така, веднаш ќе започне снимањето на „Good Fortune“ со Киану Ривс.

Поврзани вести

Од танцување на маса до бикини: Kако Џенифер Лопез го прослави својот 54-ти роденден (ФОТО)

Urednik

Моника Белучи покажа што се случува зад камерата на снимање: Со неа е новиот партнер (ВИДЕО)

Radmila Tasevska

🎥Дејвид Бекам доби неочекуван подарок за Божиќ, сопругата Викторија сними се

Urednik