СТАНДАРД life
Шоубиз

Позната актерка: Изгубив улоги поради мојата висина, изгледам како жирафа на црвениот тепих

Никол Кидман (56) за многумина е една од најубавите холивудски актерки, таа редовно е на листите на најдобро облечени жени, но не било секогаш така. Имено, ѕвездата од филмовите „Студенгора“, „Саати“ и „Степфордските сопруги“, гостувајќи во поткастот на Радио Тајмс, откри дека на почетокот на кариерата лажела за својата висина во очајнички обид да обезбеди аудиции.

„Постојано ми велеа дека сум превисока за Холивуд. Затоа ги излажав режисерите – од вистинските 180, кои ги имам, редовно би симнувала барем еден сантиметар“, изјавила оскаровката.

„Често ме задеваа за висината. Луѓето ме прашуваа: „Каков е воздухот таму горе? И колку пати сум слушнала: „Ти си многу повисока отколку што мислев“. Да не зборуваме за вечните битки за тоа какви потпетици треба или дури треба да носам. Кога и да одам на црвен тепих ми праќаат чевли со вртоглаво високи потпетици. И пак ќе бидам највисоката личност на настанот, исто како жирафа!“ се пожали актерката.

„Ги молев директорите на кастингот барем да ми дадат шанса на аудиција“

Рекла и дека поради неколку дополнителни сантиметри пропуштила некои улоги кои навистина сакала да ги игра. Така, на пример, како многу млада девојка, таа не беше ангажирана во хит мјузиклот Ени. Имено, прво биле измерени сите актерки за споменатиот проект, а таа тогаш била висока 162,56 сантиметри и била за 5,08 сантиметри повеќе од горната граница.

„Ги молев директорите на кастингот барем да ми дадат шанса за аудиција. Конечно ме пуштија да се обидам за улогата. Но, не ја добив. Не ме ни повикаа назад! Бев понижена. Но, барем пеев четири реда од рефренот“, рече Кидман.

„Се разбира, понекогаш посакувам да бев малку пониска, но еј, неверојатно сум благодарна што сум здрава и шетам наоколу, иако имав проблеми со коленото и секакви работи, делумно поради мојата висина“, заклучила Кидман.

Поврзани вести

Името на Тејлор Свифт повеќе не може да се пребарува на X: „Ова го направивме заради безбедност“

Radmila Tasevska

Клуни: Нема доволно дрога на светот за да ме натера повторно да го играм „Бетмен“

Urednik

Кетрин Зета-Џонс во костим за капење импресионира со нејзината исончана кожа и згодното тело

Urednik