СТАНДАРД life
Шоубиз

Протекоа нови детали: Метју Пери имап препишани антидепресиви во куќата, но не и илегални супстанци

Метју Пери имал лекови на рецепт дома во моментот на неговата смрт, вклучително и антидепресиви и апчиња против анксиозност – но не и нелегални супстанции, изјави полициски извор за TMZ. Изворот тврди дека во куќата бил пронајден и лек за хронична опструктивна белодробна болест, кој главно се користи за емфизем и хроничен бронхитис.

Пери бил пушач и се борел со зависност од алкохол и опијати, но тврдел дека неодамна бил чист.

За потсетување, службите за итни случаи беа испратени во неговиот дом во Лос Анџелес во 16:07 часот во саботата. Лекарите се обиделе да го спасат Пери додека тој сè уште бил во џакузи, но напорите да го оживеат биле неуспешни и тој бил прогласен за мртов на местото на настанот. 54-годишниот актер не бил префрлен во болница, потврди локалната полиција.

Во текот на утрото Пери беше на популарниот Пиклбол (игра слична на тенисот). Потоа испратил помошник да му ги извршува задачите, а кога тој се вратил кај Пери два часа подоцна, го нашол мртов и повикал 911.

Поврзани вести

Мемоарите на Бритни Спирс се продадени во над милион примероци во првите седум дена

Radmila Tasevska

Емили Ратајковски позира во минијатурни бикини, обожавателите се прашуваат: „Дали некогаш се облекува?

Urednik

Започна снимањето на филмот во режија на Џони Деп со Ал Пачино во главната улога

Urednik