СТАНДАРД life
Шоубиз

Само четири мажи двапати ја освоија титулата за најзгоден маж на светот

Патрик Демпси, 57-годишниот актер кој се прослави со улогата во серијата „Вовед во анатомија“, каде што го игра неврохирургот Дерек Шепард, оваа година е прогласен за најсекси маж на светот од страна на Магазин „People“. Пред него титулата ја освои Крис Еванс.

Магазинот започна со изборот за најсекси маж на годината во далечната 1985 година. Првиот освојувач на титулата беше тогаш 29-годишниот Мел Гибсон. Титули низ овие речиси 40 години освоија и Бен Афлек, Пирс Броснан, Хју Џекман, Рајан Рејнолдс, Бредли Купер, Рок…

Но, само четири познати момци успеаја да го направат тоа двапати. Тоа се Бред Пит, Џорџ Клуни, Џони Деп и Ричард Гир. Интересно е што Гир ја освои првата титула заедно со неговата тогашна сопруга, манекенката Синди Крафорд, како најсекси пар на годината.

 

Поврзани вести

Вил Смит проговори откако неговата сопруга открила дека не живеат заедно со години: И испратил емотивно писмо, а погледнете како таа реагирала (ВИДЕО)

Radmila Tasevska

Принцот Хари мора да му плати на Дејли Мејл 56.000 евра судски трошоци

Radmila Tasevska

Почина Ерик Дејн, ѕвездата на „Вовед во анатомија“

Urednik