„Исто така, се извинувам за ситуацијата во која го доведов кралското семејство, особено кралот и кралицата“, рече Мете-Марит во соопштение објавено од кралската палата.
Новите досиеја за Епстин, што минатата недела ги објави американското Министерство за правда, ја вклучуваат и обемна е-пошта преписка помеѓу Мете-Марит и Епстин откако тој беше прогласен за виновен за сексуални злосторства врз деца во 2008 година.
Мете-Марит, сопруга на синот на кралот Харалд, принцот Хаакон, претходно се извини за одржувањето контакт, велејќи дека направила лоша проценка.
Норвешкиот премиер во понеделник изјави дека Мете-Марит и други истакнати Норвежани именувани во најновите објавени документи за Епстин треба да дадат повеќе детали за нивните контакти со престапникот.
Норвешкото кралско семејство веќе се соочува со неколку предизвици, а најчувствителен е случајот на Мариус, син на Мете-Марит од врската што му претходеше на нејзиниот брак со престолонаследникот Хаакон, моментално е на судење за силување и семејно насилство.
