СТАНДАРД life
Шоубиз

„Сè на неа е евтино, но изгледа прескапо“: Фотографијата на Синди Крафорд од 1990 година предизвика дебата на Интернет (ФОТО)

Синди Крафорд важи за еден од најубавите и најплатените модели досега, а штом се појави привлече големо внимание.

Иако денес не се занимава активно со манекенство, одвреме-навреме повторно шета по модните писти, а често го воодушевува светот со својот изглед.

Сега на интернет кружи нејзината фотографија направена во 1990 година, кога Синди позираше за познатиот „Вог“, а фотографиите ги овековечи модниот фотограф Патрик Демаршелие.

Имено, на социјалната мрежа Х некој објави фотографија на која Синди се шета во прилично краток фустан кој ја открива нејзината долна облека, но и блескавото деколте. Долгите црни ракавици и ефектниот накит го комплетираа нејзиниот изглед, а токму ова издание на познатата манекенка предизвика расправа.

„Сè на неа е евтино, а таа изгледа прескапо, недопирливо …“, напишала личноста која ја објавила фотографијата.

И додека многумина се согласија со ова, тврдејќи дека Крафорд е вистински пример за „елегантна жена“, други сепак сметаа дека фотографијата е несоодветна и дека моделот „изгледа секако, само не прескапо“.

Поврзани вести

Пол Мекартни: Она што ми го кажа Џон Ленон пред да почине ме шокираше

Urednik

Кање Вест и забрани на девојката социјални мрежи

Radmila Tasevska

📸Дамијано Давид фатен со нова девојка: Фронтменот на „Манескин“ потврди дека е во врска со познатата пејачка

Urednik