СТАНДАРД life
Шоубиз

Сиа се бори за старателство над синот: Бившиот тврди дека користи алкохол и дрога

Пејачката Сиа се најде во средината на нова правна битка со поранешниот сопруг Ден Бернард.

За време на нивниот развод, Бернард поднесе барање за старателство над нивниот 19-месечен син Сомерсолт, попознат како Суми, тврдејќи дека пејачката се бори со зависност и е неспособна да се грижи за детето, според документите добиени од E!News.

Ден, 47, во поднесокот тврди дека Сиа, 49, е неспособна да се грижи за момчето што го добија во март 2024 година.

„Сиа претставува сериозна и непосредна опасност за нашиот син“, напиша Бернард, тврдејќи дека пејачката „намерно и постојано криела“ двонеделна хоспитализација во септември.

„Таа беше позитивна на барбитурати и бензодиазепини, без никакво легитимно медицинско објаснување.“, стои во поднесокот.

Бензодиазепините се седативи кои најчесто се наоѓаат во лекови против анксиозност како што е Ксанакс и во терапиите за несоница, додека барбитуратите се седативно-хипнотички лекови кои се користат за лекување на несоница и спречување на напади.

Бернард тврди дека Сиа му го одзела правото на посета

Бернард не само што бара старателство поради наводна злоупотреба на дрога, туку тврди и дека Сиа го прекршила нивниот договор за заедничко старателство со тоа што му го одзела правото на посета.

„Однесувањето на Сиа е неодговорно, опасно и покажува целосно непочитување на благосостојбата на нејзините деца и судските наредби“, рече тој. „Сиа е несоодветен и несигурен старател кој се бори со злоупотреба на супстанции и зависност, што ја прави неспособна да обезбеди безбедна и стабилна грижа за Сами“.

Поранешниот радиотерапевт, кој ја напушти кариерата кога се венчаа во 2022 година, рече дека неговото професионално искуство го прави „единствениот безбеден и сигурен родител за мојот син“. „Јас сум доктор, млад, здрав и немам криминално досие или проблеми со зависност од дрога или алкохол“, додаде тој.

Сиа ги негира обвинувањата

Сиа ги негира обвинувањата, нарекувајќи ги „целосно неосновани и погрешни“.

„Вистината е дека имав проблем со дрога и алкохол пред повеќе од 15 години“, рече пејачката.

„Сосема сум трезна повеќе од шест месеци и сум на програма што вклучува неделно тестирање“, додаде таа.

Таа исто така изјави дека била главна старателка на Ден пред нивната разделба.

„Ден не работи. Ден ужива во ноќниот живот и забавите“, тврди Сиа.

„Тоа е уште една причина зошто сум загрижена дали Ден е одговорен и соодветен родител. Тоа беше шемата во текот на целиот наш краток брак.“, тврди пејачката.

Кога беше во Лос Анџелес, Ден поминуваше ограничено време со Суми, а најмногу со дадилката.“, истакна Сиа.

Поврзани вести

Совршен летен дизајн: Познатата Германка во шармантен фустан привлече внимание (ФОТО)

Urednik

(Фото) Најсексапилната актерка на светот позираше целосно гола, инспирирана од Мерилин Монро

Urednik

Тери Гилијам сака да работи со еден од најконтроверзните актери на денешницата

Urednik