СТАНДАРД life
Шоубиз

Софија Вергара е „кралицата на кокаинот“ во тизерот за „Griselda“

NETFLIX го објави првиот тизер за претстојната минисерија „Griselda“ , во која главната улога ја има Софија Вергара, позната по ситкомот „Modern Family“.

Вергара е речиси непрепознатлива во улогата на Гризелда Бланко, колумбиска шверцерка на дрога, која многумина ја нарекуваат „Кралица на кокаинот“.

Бланко била позната по трговијата со кокаин во областа на Њујорк и Мајами, а оние кои имале можност да соработуваат со неа тврдат дека била поладна и понемилосрдна од Пабло Ескобар.

Серијата ќе го прикаже нејзиниот живот и издигнување во светот на криминалното подземје.

Покрај Вергара, во актерската екипа се и Алберто Гуера, Алберто Аман, Кристијан Тапан, Диего Трухиљо, Паулина Давила, Габриел Слојер, Мартин Родригез, Хозе Зунига, Максимилијано Ернандез и Џулиет Рестрепо.

„Griselda“ ќе се состои од 6 епизоди и ќе има премиера на NETFLIX на 25 јануари 2025 година.

Разводот не ја погоди: Софија Вергара во заводливо издание на концерт

Поврзани вести

🎥Џејми Фокс за најтешките моменти: „Не можев да одам. Го видов тунелот, но не видов светлина

Urednik

Селена Гомез ќе се мажи овој викенд: Гостите нема да ја знаат локацијата до последен момент!

Urednik

Поранешна девојка на Метју Пери: „Лекарите кои работеле со него треба да бидат сослушани“

Urednik