СТАНДАРД life
Шоубиз

Софија Вергара проговори за разводот: „Продолжив понатаму“

На социјалните мрежи долго се шушкаше за брачните проблеми на Софија Вергара и Џо Манџиело, а на нејзиниот Инстаграм сè помалку се појавуваше впечатливиот Џо, а конечно парот ја објави веста за разделбата на бракот. Поминаа шест месеци откако Вергара се врати во соло живот по седум години брак, а нејзините појавувања сега привлекуваат уште поголемо внимание.

За шест месеци откако раскина, актерката често беше во друштво на познатиот хирург Џастин Салиман, но нивната тримесечна врска не траеше.

За CBS Sunday Morning, актерката проговори за разводот и како живее денес.

„Продолжив понатаму“, рече Вергара, коментирајќи дека знаела дека нејзината разделба ќе го привлече вниманието на медиумите бидејќи и таа и Џо се познати личности: „Знаев дека вниманието на медиумите ќе се случи. Не можете да ги скриете тие работи“.

Покрај тоа, таа рече дека е изненадена од односот на новинарите кои биле љубезни.

Да потсетиме дека веста за разделбата се појави во јули, а извор близок на парот тогаш откри дека преовладале нивните карактерни разлики.

Дополнително, Џо сакал деца, што за Вергара не доаѓало во предвид бидејќи таа се реализирала како мајка преку нејзиниот сега 32-годишен син Маноло.

Разводот не ја погоди: Софија Вергара во заводливо издание на концерт

Поврзани вести

Нова порака за поддршка на болната Селин Дион: „Се молам за неа…“

Urednik

📽Сандра Булок му ја исполни последната желба на својот покоен партнер

Urednik

📸 Кој е 40-годишниот Акала, наводното ново момче на Анџелина Џоли?

Radmila Tasevska