СТАНДАРД life
Шоубиз

Том Круз изнајмил цел кат од ресторан за романтична вечера со фаталната Русинка

Холивудската ѕвезда Том Круз во последно време е насочен кон дамите! Пролетта и испраќал цвеќе на Шакира, неодамна се шпекулираше дека и „фрлил око“ на Софија Вергара, а сега ја изгубил главата за убава Русинка чиј татко се збогатил тргувајќи со дијаманти.

Иако не сака да споделува информации за неговиот приватен живот, откриено е дека популарниот актер е вљубен во 25 години помладата Елисина Хаирова, ќерка на богат руски трговец со дијаманти.

И токму поради неа решил да изнајми цел кат од отмениот лондонски ресторан „Новиков“ за една вечер, за тој и Елисина да уживаат, без љубопитните погледи и упади на љубопитни фанови.

Според британски „Сан“, 61-годишниот Том Круз, чие богатство се проценува на околу 500 милиони фунти, за оваа вечера потрошил околу 500 фунти, а тој и фаталната Русинка уживале во јастог и суши.

Еден од ретките присутни тогаш откри како Том и Елисина ја поминале вечерта разговарајќи и дека актерот внимателно го слушал секој збор што Русинката го изговорила. Кога член на персонал побарал од Круз да се фотографираат заедно, телохранителот на Том го сопрел.

По романтичната вечера, Том бил добро расположен и крајно дарежлив, па на вработените во ресторанот им дал бакшиш од 100 фунти, при што со Елисина излегла од задната врата и брзо го напуштиле „местото на злосторството“ во својот автомобил.

Руски тајкун го предупреди Круз за новата девојка: „Држи ги очите широко отворени… И паричникот“

Поврзани вести

Салма Хајек и нејзината 16-годишна ќерка Валентина го украдоа центарот на вниманието во слични облеки (ФОТО)

Radmila Tasevska

Хајди Клум за сексуалниот живот со 17 години помладиот сопруг: „Поминуваме часови во спалната соба“

Radmila Tasevska

Семејството ја исполни неостварената желба на Пери: „Сакаме да го почитуваме неговото наследство“

Urednik