СТАНДАРД life
Фото: Принтскрин / Инстаграм
Шоубиз

(Видео) Победникот на „Ѕвездите на Гранд“ уапсен во Турција: „Завршив во полиција, ова возило ме зеде“

Победникот на српското музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ Нермин Ханџиќ бил приведен во Турција пред неколку дена, а сега раскажа што точно се случило.

Нермин речиси еднаш месечно го посетува Истанбул со Вики Миљковиќ и нејзиниот сопруг Драган Ташковиќ, и никогаш немал никакви проблеми, но сега доживеал една непријатна ситуација.

Додека одел по улицата, Нермин бил запрен од полицијата, а со себе не го носел пасошот.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nermin Handzic (@nermin__handzic)


Како што раскажал, тој се обидел да им објасни на полицајците, но по разговорот морал да оди во првата полициска станица, каде што недоразбирањето било решено.

„Завршив во полициската станица во Истанбул. Навистина не знам што да правам сега. Не го носев својот нов пасош. Ме ставија во возило и сега ме проверуваат“, рекол Нермин во видеото што го објавил на Инстаграм.

По разговорот, тој бил превезен со службено полициско возило до блиската станица, а по проверката, на оваа непријатна ситуација ѝ дошло крај.

„Во моментот ме носат во полиција. Не лажев дека ме однеле во полициска станица поради мојот пасош, но тоа не е никаков проблем, најдовме решение. Не смеам премногу да снимам за да не ме забележат, ова е возилото што ме зеде. Да знаете сите, носете ги пасошите со себе или фотографирајте, може да ви направат сериозен проблем“.

Инаку, победникот на „Ѕвездите на Гранд“ е многу близок со пејачката Вики Миљковиќ, која му беше ментор во текот на натпреварот.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nermin Handzic (@nermin__handzic)

Поврзани вести

📽 Дејвид Бекам вечераше морска храна во скап ресторан: „Менаџерот го ранеше“

Radmila Tasevska

Добро чувана тајна на Џенифер Анистон ја откри… Бред Пит

Urednik

(Фото) Кејт Мидлтон изненади со изгледот на последното појавување: Облечена во најмодерната боја на сезоната, сите коментираат исто

Urednik