СТАНДАРД life
Фото: Принтскрин / Инстаграм
Шоубиз

(Видео) Ријалити ѕвезда жали за естетската операција од 25.000 долари: „Ми го уништи животот!“

Џеси Нгатикаура, ѕвезда на реалното шоу „Тајните животи на мормонските жени“, изјави дека се чувствува несигурно по пластична операција вредна околу 25.000 долари, од чии резултати е многу незадоволна.

Во видеотона ТикТок Џеси рекла дека операцијата, според неа, ѝ го уништила животот и кариерата.

„Чувствувам дека оваа последна операција ми го уништи животот. Мојата работа во голема мера зависи од мојот изглед, а сега сите ме напаѓаат“, рекла таа.

 

@_justjessiiiiDon’t know what’s going on with my nose with this filter.. but be kind 🫶🏼

♬ original sound – Jessi Draper

Нгатикаура објаснила дека првично планирала само корекција на долните очни капаци, но на крај направила и дополнителни зафати, меѓу кои и трансфер на масно ткиво, за кој вели дека не го сакала.

Ријалити ѕвездата додала дека не е задоволна од резултатите и дека ова искуство за неа е „најголема животна лекција“, поради што во иднина нема да прави нови естетски зафати на лицето.

Поврзани вести

Џорџ Клуни за Метју Пери: „Улогата во „Пријатели“ не му донесе ниту среќа, ниту мир

Urednik

Сидни Свини негира дека правела пластични операции: „Не можам да поднесам игли“

Urednik

(ВИДЕО) Филмот добитник на „Златен лав“ има совршени критики, а Ема Стоун е пофалена за 18+ сцените

Urednik