СТАНДАРД life
Шоубиз

Водителката поднесе тужба против 50 Cent: Тврди дека тој и нанел сериозни и трајни повреди

На 30 август за време на својот настап во Лос Анџелес, познатиот рапер 50 Cent фрли микрофон и удри жена во глава.

Како што подоцна објавија медиумите, тој за време на овој настап неколку пати имал проблем со микрофонот, а еден кој престанал да работи – бесно фрлил во публиката.

Како што се дознало, жената која ја удрил е Бријана Монигејн, водителка на радиото „Пауер 106 ФМ“. Таа сега поднела тужба против раперот, пишува „Пипл“.

Таа поднела тужба до Врховниот суд во Лос Анџелес, тврдејќи дека 50 Cent и нанел „тешки и трајни повреди“. По инцидентот веднаш и била укажана помош во итната медицинска помош, а во таа прилика, како што е наведено во тужбата, се здобила со потрес на мозокот, расекотина на челото, а почувствувала и болка во зглобот на левата рака. Дополнително, водителката се пожалила дека имала и „чувствителност на звук и светлина, поради што имала мачнина“, а имала и вртоглавици и главоболки.

Како што напишала во тужбата, таа сè уште ги чувствува последиците од „емоционалниот стрес“.

Засега раперот не објави ништо за тужбата.

Поврзани вести

Шакира со преслатка придружба на MTV Video Music Awards

Urednik

Принцот Хари додели отштета за хакирање на неговиот телефон од весникот „Мирор“

Urednik

Ким Катрал откри зошто се врати во улогата на Саманта во And Just Like That…

Urednik