СТАНДАРД life
Шоубиз

Започнува судењето на Шакира

Во понеделник во Барселона почнува судењето на колумбиската пејачка Шакира под обвинение дека не платила 14,5 милиони евра шпански данок на доход во периодот од 2012 до 2014 година.

Пејачката, меѓу другото позната по хитот „Hips Don’t Lie“, најави претходно дека ќе се бори против, како што рече, лажните обвинувања.

Шакира тврди дека го платила она што ИРС го кажала дека го должи пред да ја поднесе тужбата и инсистира дека за тоа време не живеела во Шпанија бидејќи, како што вели, нејзината работа ја довела до „номадски живот“.

Таа ја отфрли спогодбата на обвинителството за затворање на случајот и се очекува да сведочи во понеделник на првото од 12-те рочишта закажани до 14 декември.

Обвинителството бара казна затвор до осум години за Шакира и враќање на даноците што таа наводно ги должи.

Во обвинението се наведува дека Шакира престојувала во Шпанија повеќе од половина од секоја година за време на инкриминираниот период. Исто така, се нагласува дека имотот во Барселона, кој го купила во мај 2012 година, служел како нејзин семеен дом.

Шакира (46) живееше 11 години со поранешната фудбалска ѕвезда на Барселона и Шпанија, Жерар Пике, а двојката има две деца. Пејачката, чие целосно име е Шакира Изабел Мебарак Рипол, по разводот се пресели во Мајами.

На Шакира ќе и суди судијата Хозе Мануел дел Амо Санчез, а во текот на постапката ќе бидат слушнати повеќе од 100 изјави.

Поврзани вести

📸 Кралот Чарлс пристигна во Лондон на лекување, фотографиите го загрижија Интернетот

Radmila Tasevska

Веста дека Еминем починал предизвика хаос на социјалните мрежи

Radmila Tasevska

Почина актерот Андре Браугер

Urednik