СТАНДАРД life
Шоубиз

📷 Принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт го честитаа Божиќ со нова фотографија од нивните деца

Принцот Вилијам и неговата сопруга, принцезата Кејт Мидлтон, на своите фанови и на англиската јавност им го честитаа Божиќ со свежи фотографии од нивните деца, принцот Луис, принцезата Шарлот и принцот Џорџ.

На новата црно-бела фотографија се гледаат три деца како седат на столчиња. Тие се гушкаат и имаат насмевки на нивните лица. Триото е соодветно облечено, во бели кошули и црни панталони.

„На сите им посакуваме среќен Божиќ, од нашето семејство до вашето“, напишаа со фотографијата на социјалните мрежи. Воодушевените коментатори им честитаат, а сите се фалат колку е „многу симпатична“ фотографијата и дека „децата се прекрасни“.

За потсетување, кралското семејство традиционално со семејна фотографија им го честита Божиќ на граѓаните. Последната ги прикажува трите кралски деца, кои изгледаат опуштено и возбудено да го прослават Божиќ со своето семејство и оваа година.

Снимен од Џош Шинер, новиот кралски портрет доаѓа само неколку часа откако семејството беше видено на божиќниот концерт на принцезата Кејт во Вестминстерската опатија во Лондон, каде Кејт се појави во елегантен бел ансамбл, Шарлот во црвен фустан, додека принцот Вилијам и Луис и Џорџ беа облечени во класични костуми.

Поврзани вести

Мерил Стрип за прв пат во јавноста по веста за разводот; венчалниот прстен се уште го носи…

Urednik

Британската јавност е загрижена бидејќи престојот во болница на кралот Чарлс е продолжен

Radmila Tasevska

Бредли Купер во врска со поранешната девојка на Леонардо ди Каприо: Популарната манекенка и актерот фотографирани заедно (ФОТО)

Radmila Tasevska