Канје Вест се огласи откако следбениците на Инстаграм го критикуваа дека објавува голи фотографии од неговата 29-годишна сопруга Бјанка Ценсори.
„Само сакам да им кажам на сите дека намерно ја објавив мојата сопруга три пати. Објавив албум и луѓето сè уште коментираат „Зошто ја објавуваш сопругата?“. Затоа што таа ме прави среќен. Затоа сите сте задоволни со мојата музика, затоа што јас сум среќен. Дали разбирате што велам?“ вели 46-годишниот рапер во видеото.
„Ако не ви се допаѓа мојот профил и тоа што го објавувам, еб*те се, сериозно. Оставете ме мене, кралот, на мир. Не ми е гајле. Ќе ја објавам мојата жена колку што сакам. Објавувајте ги вашите сопруги на еб*ниот Инстаграм“, тој додаде.
View this post on Instagram
Да потсетиме, изданијата во кои Бјанка се појавува во јавноста и на социјалните мрежи на нејзиниот сопруг се претежно голи, што изненадува многу фанови на Канје со оглед на тоа што тој и забрани на својата поранешна сопруга Ким Кардашијан да се облекува провокативно. Фановите шпекулираат дека ова е Канје кој се обидува да воспостави контрола над Бјанка, исто како што сакаше да направи со Ким.