СТАНДАРД life
Шоубиз

📸 Кралот Чарлс пристигна во Лондон на лекување, фотографиите го загрижија Интернетот

Кралот Чарлс пристигна во Лондон каде ќе има терапија во наредните денови.

Чарлс, кому пред неколку дена му беше дијагностициран рак, дошол во Лондон од резиденцијата Сандрингем каде што поминал неколку дена. Тој пристигна во Лондон во друштво на неговата сопруга, кралицата Камила.

Фотографиите од кралот го обиколија интернетот и многумина се загрижени за неговата состојба бидејќи на сликите изгледа прилично тажно.

Кралското семејство не откри за каков вид на рак се работи. Чарлс завршил во болница поради операција на простата, но било забележано дека не се работи за рак на простата. Дека ситуацијата е сериозна говори и фактот што принцот Хари пред неколку дена дошол во Лондон да се види со својот татко, иако веќе неколку години се во лоши односи.

Поврзани вести

📸Поради 29 години помлада девојка, Винсент Касел го промени својот животен стил

Urednik

Мадона ги собори сите рекорди: Билети за концертот на кралицата на поп музиката можат да си дозволат само најбогатите

Radmila Tasevska

(ВИДЕО) Идрис Елба е главната ѕвезда на трејлерот за првата експанзија на Cyberpunk 2077

Urednik