СТАНДАРД life
Стил

📷 Познатата актерка на црвениот тепих пристигна во облека од 3 милиони долари

На наградите SAG Awards во Лос Анџелес, една од најзабележителните личности беше убавата актерка Маргот Роби. Роби повторно пристигна на црвениот тепих во издание кое ја следи естетиката на Барби, алудирајќи на тоа на нејзината улога која ја одбележа 2023 година. Иако беше меѓу номинираните за најдобра актерка на сите големи филмски награди, таа не освои ниту една, дури ни гореспоменатата награда на Screen Actors Guild (SAG).

И покрај тоа, таа повторно воодушеви со нејзиното ослободување. Имено, таа се појави во мал црн фустан, но во спектакуларно, досега невидено издание. За овој настан таа избра парче од колекцијата Скиапарели, кое е инспирирано од осумдесеттите и одлично се вклопува со розовиот заводлив стил на Барби што актерката го промовира изминативе неколку месеци, уште од премиерата на филмот Барби.

Станува збор за краток, едноставен фустан од црн кадиф со додаток на светло розев сатенски појас со волуменозен ракав. Изданието го заокружи со класични, црни салонки, но и со скап накит вреден речиси 3 милиони долари, а на обетките, прстенот и нараквицата на раката носеше дијаманти од речиси 100 карати изработени од американската дизајнерка на накит Лорејн Шварц.

Поврзани вести

Ирина Шајк воодушеви со својот стајлинг: Костум од „Zara“ и нејзините сакани „Samba“ патики

Urednik

📷Брижит Макрон им пркоси на сите: Носи кожени панталони и гломазни чизми до глужд подобро од другите

Urednik

📸ОВОЈ ФУСТАН Е ТЕМА БР.1 ВО СВЕТОТ НА МОДАТА: Чини над 2.000 долари, а најуспешната жена направи да изгледа УШТЕ ПОСКАП

Urednik