СТАНДАРД life
Стил

📸Кејт Мидлтон го комплетираше својот неверојатен стајлинг во црвено со елегантен шешир

Кралот Чарлс и кралицата Камила беа домаќини на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол и неговата сопруга, првата дама Ким Кеон Хи, а принцот и принцезата од Велс одиграа важна улога во средбата со гостите од Азија.

Изгледот на Кејт Мидлтон докажа дека монохроматските изданија се секогаш одлична идеја.

Британската модна икона изгледаше зачудувачки во шик стајлинг во моќна нијанса, која оваа година владее на модната сцена – црвена. Бојата која подеднакво им прилега и на русокосите и на бринетите, се покажа како повеќе од добар избор во случајот со 41-годишната принцеза од Велс.

Кејт за оваа прилика избра луксузно палто од една од омилените дизајнерки Кетрин Вокер, во кое таа и нејзиниот сопруг ги пречекаа јужнокорејскиот претседател и неговата сопруга. Принцезата од Велс овој пат ја среди косата во шик пунџа и се одлучи за гламурозна шминка, вклучително и „smoky eye“, додека возеше на Парадата на гардата на коњите по средбата со Јун Сук Јеол и неговата сопруга Ким Кион Хи.

Кејт Мидлтон
Кејт Мидлтон

Таа го надгради гламурозниот стајлинг со штикли од нејзината обемна колекција со потпис на Џанвито Роси и соодветна капа од Џејн Тејлор.

Со својот аутфит, Кејт и оддаде суптилна почит на покојната кралица, исто така љубител на впечатливите бои.

Принцезата го комплетираше овој елегантен изглед со овални обетки на принцезата Дијана направени од сафири и дијаманти. Инаку, членката на кралското семејство има облечено сличен фустан – капут во многу прилики, вклучувајќи го и божиќниот концерт во Вестминстерската опатија во 2021 година, додека на погребот на принцот Филип носеше црна верзија на истиот фустан.

Поврзани вести

📸🎥Новата фризура на Ева Лонгорија изненади многумина и предизвика бројни коментари

Urednik

📸Златен корсет и висок шлиц како добитна комбинација на атрактивната Шакира

Urednik

(ГАЛЕРИЈА) Нов почеток за познатиот бренд: „Victoria’s Secret“ собира легендарни ангели

Urednik