СТАНДАРД life
Стил

📸Сара Џесика Паркер секогаш го надополнува класичниот избор на облека со креативни обувки

Сара Џесика Паркер е дефинитивно модна икона. Со оглед на тоа што култната улога во серијата „Сексот и градот“ ѝ обезбеди ѕвездена прашина, а хероината Кери Бредшо важеше и за најстилската девојка во Њујорк, не можеме да кажеме, популарно, која е постара – кокошката или јајцето? Односно, дали модниот вкус на Сара влијаеше на ликот на Кери или ликот влијаеше на развојот на посебниот стил на Сара?

На крајот на краиштата, тоа не е ни важно, единствено важно е што оваа дама секогаш не воодушевува со својот изглед на црвениот тепих.

Сара Џесика Паркер
Сара Џесика Паркер

А овој пат, на хуманитарен настан во Њујорк, таа дојде облечена во долг плишан црн фустан со бела јака што ја истакна нејзината фигура на песочен часовник.

Но, она што најмногу привлече внимание, како и секогаш, беше изборот на обувки на Сара. Интересните ретро салонки со розова машна едноставно го „украдоа шоуто“.

Поврзани вести

Збогум за градникот: Познати дами предизвикаа сензација во проѕирни парчиња

Urednik

📸Храбро издание на Рита Ора кое ги прикажува сите адути

Urednik

📷Амал и Џорџ Клуни целосно го маѓепсаа Лондон со својата елеганција

Urednik