СТАНДАРД life
Стил

Јелена Ѓоковиќ „сервираше“ уште еден моден хит на трибините на УС Опен

Познатиот српски тенисер Новак Ѓоковиќ извојува нова победа во финалето на годинашниот УС Опен и го зголеми бројот на освоени Гренд слем турнири на 24. На трибините и овој пат го бодреше неговата сопруга Јелена, како и нивните деца, синот Стефан и ќерката Тара.

Имено, додека Новак доминираше на теренот, неговата сопруга Јелена и нејзиниот софистициран моден стил го привлекоа вниманието на холивудските ѕвезди кои будно го следеа натпреварот на трибините. И Јелена, која беше на трибините со мајката на Новак, Дијана, овојпат имаше стајлинг вреден за внимание.

По прекрасниот романтичен фустан на брендот Charo Ruiz, а пред него бледожолтата креација, Јелена во самото финале сервираше моден хит. Со интересен крој се истакна импресивната креација во темно беж нијанса со пруги.

Јелена Ѓоковиќ
Јелена Ѓоковиќ

Покрај деколтето во облик на срце, кое е многу вообичаен избор на Јелена, фустанот беше украсен и со истакнати долги пуфнати ракави и зашиен дел со вметнат плиширан дел на колковите.

Интересната комбинација на класична елеганција, Јелена дополнително ја истакна со ниска пунџа и пристоен златен накит со модерен и впечатлив дизајн, кој го издигна изгледот на повисоко ниво.

Хит фустанот на Јелена Ѓоковиќ со детаљ кој никогаш не излегува од мода

Поврзани вести

Сензационален изглед: Џесика Честејн блесна во златен фустан со вртоглаво деколте

Urednik

📷Ќерката на Моника Белучи од својата мајка наследи не само убавина, туку и чувство за стил

Urednik

Збогум за градникот: Познати дами предизвикаа сензација во проѕирни парчиња

Urednik