СТАНДАРД life
Стил

Не може подобро од ова: Безвременски фустан и класични чевли се толку добра комбинација

Хејли Бибер уживаше во вечерното излегување во познатиот ресторан во Санта Моника, Џорџо Балди, а секогаш брилијантно облечената сопруга на Џастин Бибер ја следеа многу воодушевени погледи.

Убавицата која потекнува од познатото холивудско семејство Болдвин, пријатната дружба со својата пријателка Каруече Тран, модел и актерка, ја претвори во вистински моден спектакл.

Иако вообичаено ја гледаме во кул дневни комбинации, Хејли реши да се инспирира од вечниот моден минимализам од 90-тите, периодот кој и е омилен на модата.

Хејли Бибер
Хејли Бибер

Атрактивната Американка изгледаше фантастично во елегантен црн фустан без прерамки на брендот The Row, кој беспрекорно го комбинираше со модели на салонки кои беа популарни и во деведесеттите. Стајлинг идеален за многу свечени прилики, Бибер го комплетираше со шик чанта (Сен Лоран) и одлична фризура, женствен боб кој одлично и прилега и обетки потпишани од луксузниот бренд Bottega Veneta.

Иако е голем љубител на тениски обувки, мокасини или слип-он, овојпат реши да воведе интересна промена – класичните сандали на високи потпетици, кои не се сомневаме ќе бидат еден од најголемите трендови оваа година.

Поврзани вести

📸Ефективни додатоци во преден план: Позната актерка доминираше во издание инспирирано од 80-тите

Urednik

Во фустан кој не поднесува долна облека: Нели Фуртадо модно ризикуваше на доделување на награди

Urednik

📸Ниту ниските температури не ја натераа познатата бринета да го сокрие својот фантастичен фустан со капут

Urednik