СТАНДАРД life
Шоубиз

Том Круз едвај го дочекал разводот на Софија Вергара

Контроверзниот актер Том Круз (61) пред речиси 20 години „имал нешто“ со колешката Софија Вергара (51). Атрактивната Колумбијка неодамна го раскина петгодишниот брак со актерот Џо Манганиело (46), а Круз не можел да дочека втора шанса, како што пишува NY Post.

– Тие веќе имаат одредена историја, но тоа беше повеќе кратка љубовна врска отколку вистинска романса – изјавил извор за британскиот магазин The Mirror.

Романсата се случила во 2005 година, пред Круз да се заљуби во актерката Кејти Холмс (44) со која беше во брак шест години.

Том и Кејти заедно ја имаат ќерката Сури, со која актерот не е во контакт од религиозни причини.

– Очигледно се забавувале во Холивуд Хилс и уживале. Софија тогаш навистина не давала сигнали дека сака нешто долгорочно, па се завршило на сосема пријателски начин и тие останале пријатели – се наведува понатаму.

Изворот исто така додаде дека мисли дека Круз отсекогаш се каел што ја одбрал Кејти наместо Софија.

Круз и Вергара ги запознал неговиот пријател Вил Смит во февруари 2005 година. Папараците ги фотографирале заедно на само еден состанок, а романсата, наводно, завршила набргу потоа.

Се сомнева дека причините за неуспехот на парот биле и од религиозна природа. Софија е, всушност, католик и се плашела дека Том ќе бара таа да се приклучи на скиентологијата.

Поврзани вести

Софија Вергара е „кралицата на кокаинот“ во тизерот за „Griselda“

Urednik

Почина Шафт првиот црн акционен херој

Radmila Tasevska

Адам Сендлер собори рекорд со филмот кој моментално е најгледан на „Нетфликс“

Urednik