19.8 C
Скопје
12 септември, 2026
СТАНДАРД life
Стил

📷Пенелопе Круз доминираше на црвениот тепих во прекрасен фустан

Шпанската актерска дива, крунисана со Оскар, Пенелопе Круз блесна на црвениот тепих на свечената премиера на филмот „Ферари“ во Лос Анџелес.

Црниот фустан до подот со шарени цветни апликации, ситни блескави камења и тесни прерамки, по избор на 49-годишната Пенелопе, е дел од колекцијата висока мода на „Шанел“ минатата сезона.

Пенелопе Круз
Пенелопе Круз

Нејзините сандали на платформа, исто така од „Шанел“, се одликуваа со свилен мазен црн горен дел, додека суптилните метални детали беа истакнати долж заоблениот ѓон.

Истите сандали ги носеше на 3 декември во Лондон, на средба со претставници на седмата сила во рамките на промо турнејата на филмот „Ферари“.

Поврзани вести

📷 10-те најинтересни модни комбинации од Еми наградите

Radmila Tasevska

Сензационален фустан со предизвикувачки детали ја откри фигурата од соништата на Никол Кидман

Urednik

Кога ќе го забележите интересниот детал на овој фустан, ќе сфатите зошто сите го гледаа

Urednik