СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

140 милиони играчи поминуваат преку Minecraft секој месец

Во последно време не се зборува многу за Minicraft, но тоа не значи дека луѓето престанаа да го играат. Исто како и повеќето игри, Minecraft ја зголеми својата популација во моментот на пандемијата, а извештајот откри дека тие во моментов имаат скоро 140 милиони активни корисници месечно.

Ова е драстично зголемување во споредба со првиот квартал од минатата година, кога имаше околу 30% помалку играчи во играта.

Исто така беше откриено дека додатоците и модовите се многу популарни во Minecraft, а заедницата имаше повеќе од милијарда преземања на оваа содржина.

Сите овие информации значат дека креаторите на играта заработиле околу 350 милиони долари.

Поврзани вести

Google Docs ќе покажува кои колеги се надвор од канцеларијата

Влатко Зорба

Samsung ги претстави Galaxy S20, S20 + и S20 Ultra (ВИДЕО)

msp-admin

Апликации за комуникација со најбезбедна заштита на пренесените податоци

msp-admin