Многу апликации тврдат дека ќе ви олеснaт некој аспект од животот, било да е тоа слушање музика, играње видео игри, грижа за вашето здравје и слично, но тие всушност се штетни, како за вашиот уред, така и за вашата приватност.
Еве седум од нив, кои, иако имаат голем број преземања, не треба да ги имате во вашиот телефон.
QuickPic Gallery
Пред пет години, оваа апликација ја презеде кинеската компанија Cheetah Mobile, што не јаследи добар глас, бидејќи оттогаш тие започнаа да пренесуваат кориснички податоци на нивните сервери. Тие беа исфрлени од продавницата на Google Play во 2018 година, но се вратија една година подоцна.
ES File Explorer
Ова беше, едно време, можеби најпопуларната апликација за управување со датотеки. Сепак, во неа имаше премногу рекламен софтвер, како и известувања што не можеа да се исклучат. Поради сомнителни и нејасно обележани реклами, таа била исфрлена од Play продавницата.
UC Browser
Ова е најпопуларниот прелистувач во Кина и Индија, но е доста несигурен затоа што нема енкрипција на податоци. Вашата приватност може да биде загрозена во секое време, пренесува MakeUseOf.
CLEANit
Оваа апликација треба да го исчисти вашиот мобилен телефон и на тој начин да ја одржува вашата меморија во оптимизирана состојба. Сепак, тоа не прави ништо корисно, па дури и го прави спротивното – го кочи вашиот уред.
DU Battery Saver & Fast Charge
Се разбира, ниту една апликација не може да го забрза полнењето на вашиот телефон, а оваа го тврди токму тоа. Исто така, содржи „море“ од реклами и некои графикони, кои всушност не покажуваат ништо, но се обидуваат да ве доведат до рекламите.
Dolphin Web Browser
Интернет прелистувач без реклами со поддршка за Flash и HTML 5. Звучи премногу добро за да биде вистина, и така е. За жал, оваа апликација ги следи вашите движења дури и кога не сакате.
Fildo
Fildo се користи за нелегално преземање музика од веб-страницата на Netease. Бидејќи е „маскирана“ како апликација за репродукција на содржина, тоа е доволна причина да не и верувате.