СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Honor V30 5G ќе има заоблен дисплеј со отвор за двојна селфи-камера

И покрај тешкотиите со кои се соочува Huawei, компанијата продолжува да инвестира во нови производи и развој. Веќе е јасно дека Кинезите подготвуваат нов предводник од нивниот бренд Honor – V30 5G, а сега, благодарение на познати извори, дознаваме дека тој ќе има отвор на екранот за предната камера слична на Honor V20 (View20).

Главните разлики ќе бидат присуството на двојна селфи камера и екран со малку заоблени страни, но страничните рамки сепак ќе бидат видливи.

Областа под дисплејот е „потенка“ од онаа на актуелниот модел, а горниот дел е практично отсутен, при што звучникот се користи за време на повиците вградени во рамката.

Honor обично промовира нови модели во V серијата кон крајот на годината, што значи дека останува барем еден месец до премиерите на V30, а во меѓувреме очекуваме да се појават повеќе детали околу серијата.

Поврзани вести

Уште една закана за Виндоус 10: Мајкрософт и Гугл предупредуваат на нови хакерски напади

msp-admin

Фонт кој ја доловува климатската криза

Влатко Зорба

Huawei Nova 5T со 5 камери и ВИ достапен на македонскиот пазар

msp-admin