СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Наредната недела треба да се формализира барањето на ГЕС за лиценца за топлинска енергија

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов денеска изјави дека очекува во текот на наредната недела веќе да биде формализирано барањето за добивање лиценца за дистрибуција со топлинска енергија на новото претпријатие АД Градски енергетски системи, додавајќи дека ќе се намали цената на овој енергенс.

– Одлуките на Советот на Град скопје и на Акционерското собрание беа изминатиот четврток, се изработуваат, се објавуваат во јавното гласило и претставуваат правен основ да се јави Градски енергетски системи пред надлежните комерцијални банки. Кога ќе се направи тоа, во текот на наредната недела очекувам дека ќе биде веќе формализирано барањето за добивање лиценца за дистрибуција, рече Шилегов.

Градоначалникот Шилегов смета дека ќе дојде до намалување на цената на парното.

– Напротив, очекувам дека ќе дојде до намалување на цената, со оглед на тоа што Градот во изминативе две години работи со една поинаква филозофија, а тоа е филозофија на добар стопанственик и на економично работење и јавните набавки во рамки на Градот, но и сите постапки што сме ги воделе се во просек за дваесетина проценти поевтини цени во однос на минатото, вели Шилегов.

На новинарско прашање дека во претпријатието ќе има нови 110 вработувања и дали е можен трансфер на вработени од локалната самоуправа или администрацијата, Шилегов рече дека тоа е неопходниот минимум што треба да работи во првата фаза.

– Тоа е неопходниот минимум што треба да работи во делот од првата фаза, тоа е дистрибуцијата на топловодната енергија. Тоа е прашање кое тековно ќе се решава, може да се реши и од постојниот кадар кој работи во рамки на БЕГ, но и од административните кадри, иако таму е потребно повеќе стручна, а не административна работа, појасни Шилегов.

Поврзани вести

Во што е паметно да се инвестира во време на криза?

Stefanija Kuzmanovska

Сигурност и квалитет без компромис во градежништвото

Влатко Зорба

Работниците кои ќе останат без работа поради кризата ќе добиваат надомест од државата