СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

„Emerging Europe“: Легализацијата на канабисот и амбицијата на Скопје да стане Амстердам на Балканот

Хрватска и Северна Македонија, заедно со Чешка, Литванија и Полска, се едни од ретките земји во Европа каде е дозволена употреба на марихуана за медицински цели. Наскоро, сепак двете балкански држави можат да го следат примерот на Грузија и да ја декриминализираат нејзината употреба во целост, пренесе „Emerging Europe“.

Неодамна, премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, вети дека ќе го претвори главниот град Скопје во „Амстердам на Балканот“, а слични планови има и за една од најатрактивните туристички дестинации во земјата – Охрид.

Идејата на владата, продолжува изданието, е да ја направи употребата на канабис целосно легална и да ја направи достапна во рестораните, слично на холандскиот пример. Според приврзаниците на планот, овој потег ќе го зајакне туризмот во двата града и ќе помогне во борбата против групите за трговија со дрога.

Од друга страна, критичарите на овој план, вклучително и опозициската ВМРО-ДПМНЕ, го поставуваат прашањето какво ќе биде влијанието врз здравјето на населението, како и врз моралните основи на општеството. Други велат дека Заев ги брани неговите лични интереси, повикувајќи се на врски помеѓу членовите на неговото семејство и најголемиот производител на марихуана.

Во интервју за „Дојче веле“ минатиот месец, премиерот ги отфрли овие обвинувања и увери дека приходите од продажба на канабис ќе бидат реинвестирани назад во земјата.

Иако марихуаната сè уште не е декриминализирана во Северна Македонија, земјата има растечки бизнис на одгледување и извоз на марихуана, а целта на Скопје е да стане светски лидер во извозот на супстанцата.

Како стојат работите во Хрватска?

Во 2012 година, Хрватска стана една од ретките европски земји што дозволи користење за лична употреба.

Во февруари минатата година, Социјалдемократската партија на земјата предложи укинување на забраната за ограничено одгледување канабис за лична употреба. Предложените законски измени ќе ја отворат вратата за производство на таква за рекреативни цели.

Несомнено, лидерите на двете балкански земји се привлечени од широките економски можности што ги нуди легализацијата на марихуаната, вклучително и унапредување на туризмот и трговијата, додава „Emerging Europe“

Поврзани вести

ЕЦБ ѝ овозможи на Народната банка пристап до девизна ликвидност во евра до март 2022 година

Влатко Зорба

Илон Маск со само еден твит за ривалот на Биткоин ја зголеми неговата вредност за 20 отсто

Никола Поповски

Допис од штедачи: Еуростандард е заложник на стечајната судијка Ирена Петрушевска

Влатко Зорба