СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Галовеј: Народната банка успешно ги остварува своите цели за одржување на макроекономската и финансиската стабилност

Улогата на централните банки е многу важна, особено во вакви кризни времиња. Напорите за водење прудентна монетарна политика придонесуваат за услови за ревитализација на македонската економија.

Ова беше истакнато на состанокот на британската амбасадорка, Рејчел Галовеј и гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, на којшто се разговараше на теми поврзани со економската состојба во нашата земја.

На состанокот, гувернерката Ангеловска-Бежоска се осврна на најновите макроекономски проекции на Народната банка според кои се предвидува економски раст од 3,9% во тековната и наредната година, додека за 2023 година се очекува раст од 4%. Во однос на инфлацијата, со оглед на последните расположливи податоци, гувернерката посочи дека очекувањата на Народната банка се дека таа би се задржала на умерено ниво и би изнесувала околу 2,2% за 2021 година, а следната година би се намалила на околу 2%, со што би се задржала ценовната стабилност. Истовремено, гувернерката се осврна и на мерките и одлуките коишто беа донесени во изминатиот период заради справување со ефектите од здравствената криза и ја истакна важноста од соработката со меѓународните финансиски институции, вклучително и во однос на обезбедувањето соодветни извори на финансирање на економијата.

Британската амбасадорка Галовеј и гувернерката Ангеловска-Бежоска изразија цврсти заложби за продолжување и продлабочување на соработката.

Поврзани вести

ССМ: Работодавачите на почетокот на месец јули да исплатат регрес за годишен одмор

Платежни картички за самохраните родители, пензионерите и помош за компаниите, најавува Битиќи

Берта Китинска

Оштетени штедачи: Фирмата на Игор Џамбазов земала нeнаплатлив кредит од Еуростандард банка

Влатко Зорба