СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

ММФ: Објавено колкав би бил падот на македонската економија годинава

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во ажурираниот извештај во октомври проценува дека македонската економија годинава ќе ја заврши со пад на домашниот бруто-производ од минус 5,4 отсто што е зголемување во однос на априлските проекции кога се предвидуваше пад од минус 4 отсто.

Подобри бројки очекуваат наредната година, кога БДП би остварил раст од 5,5 отсо. Годинава би ја завршиле со инфлација од 0,9%, и дефицит на тековната сметка од 4,7%.

ММФ смета на намалување на светскиот БДП за 4,4 отсто, односно 0,8 отсто помалку од проценките соопштени во јуни.

Во однос на групата економии во развој и во појавување во Европа, каде што е сместена заедно со уште други 15 земји (Албанија, Белорусија, БиХ, Бугарија, Хрватска, Унгарија, Косово, Молдавија, Црна Гора, Полска, Романија, Русија, Србија, Турција и Украина), Македонија според овие наајнови процени е некаде на средината.

Најмал пад годинава ММФ предвидува за Србија, чиј БДП се очекува да биде минус 2,5 отсто, потоа Белорусија минус 3 и Полска минус 3,6 отсто.

Поврзани вести

Бизнисмените со пет барања до министерката Ангеловска

msp-admin

ССМ до работниците: Не е законски работодавачот да ве убедува дека за јануари 2021 година треба да ви се исплати плата во висина на минималната плата

Влатко Зорба

Поради стечајот на Еуростандард банка од денеска АД „Пошта“ не може да ги обезбеди финансиските услуги

Берта Китинска