СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Автопилот: Што „гледа“ возилото на „Тесла“ (ВИДЕО)

Неверојатно видео го покажува автопилотот на „Тесла“ во акција. Сопственик на „Тесла“ на Јутјуб објави видео во кое визуелизацијата на автопилотот покажува сè што „гледа“ компјутерот на „Тесла“.

Некои сопственици на автомобили „Тесла“ веќе некое време уживаат во можностите на софтверот „Full Self-Driving Beta“, што им овозможува да возат возила независно и без интервенција на возачот.

Видеото покажува визуелизација на сообраќајни ленти, автомобили во движење, паркирани автомобили, семафори со светла, сообраќајни знаци итн.

Бидејќи видеото е снимено ноќе, особено е импресивно да се види на визуелизацијата како компјутерот на „Тесла“ забележува други автомобили пред да можеме да ги забележиме на патот со голо око.

Поврзани вести

Xiaomi претстави концепт на телефон без порти и копчиња (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Google Docs ќе покажува кои колеги се надвор од канцеларијата

Влатко Зорба

ВИДЕО| Microsoft повторно го „најавува“ Windows 11

Влатко Зорба