СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Black Shark 4 Pro е лидер на AnTuTu

Само минатиот месец видовме промоција на над 30 нови телефони, вклучително и некои поистакнати премиум модели, како што се OnePlus 9 Pro, Xiaomi Mi 11 Ultra, Black Shark 4 Pro, Oppo Find X3 Pro и други. Ова доведе до значителни промени во рангирањето на AnTuTu, откако на пазарот пристигнаа голем број модели со чип Snapdragon 888.

Врз основа на најновиот извештај, објавен од AnTuTu, неодамна претставениот Black Shark 4 Pro сега е врвен телефон со најдобри перформанси за месец март, со освоени 765.579 поени. Претходниот шампион од февруари, iQOO 7 падна на шестото место.

На второ место е Oppo Find X3 Pro, проследен со Nubia Red Magic 6 Pro и Asus ROG Phone 5. Интересно е што меѓу Топ 4 моделите, само Oppo Find X3 Pro е оној што не е гејминг телефон.

Сите 10 најдобри телефони ја користат најновата платформа Snapdragon 888 во текот на месец март. Huawei Mate 40 Pro, со чипсет Kirin 9000, кој беше на списокот претходните месеци, веќе не е дел од Топ 10.

Нови промени се очекуваат и во текот на април, кога моделите Xiaomi Mi 11 Ultra, Mi 11 Pro, OnePlus 9 Pro, Lenovo Legion 2 Pro потенцијално треба да се појават на списокот AnTuTu.

Поврзани вести

Кој е најиздржливиот смартфон за 2020 година?

Влатко Зорба

Роботите на „Boston Dynamics“ со танц ја испратија 2020-та (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Samsung Galaxy Tab S6 станува првиот 5G таблет во светот

msp-admin