СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Бројот на апликации во Huawei AppGallery речиси двојно зголемен за 1 година

Точно една година откако Huawei ја објави својата продавница за апликации, AppGallery, од официјалната говорница на Mobile World Congress 2020, платформата пријави над 2,3 милиони регистрирани програмери, што е зголемување за 77%, а 300.000 од нив се надвор од Кина.

Публиката на AppGallery ширум светот порасна на 530 милиони активни месечни корисници. Во Европа, платформата веќе има над 42 милиони корисници, што е раст од 61,5% за оваа предизвикувачка година, во која компанијата на македонскиот пазар успешно ја претстави серијата P40 – P40 Pro, P40 Pro+, P40 lite и P40 lite E, ажурираната Y серија во најприфатливиот ценовен сегмент, флегшипот Mate 40 Pro и бестселерот P smart 2021, сите базирани целосно на Huawei AppGallery.

120.000 интегрирани апликации од HMS (Huawei Mobile Services) се веќе достапни во AppGallery, што е зголемување за 118% во однос на минатата година.

Игрите се клучни во развојот на платформата и веќе се достапни 500% повеќе игри од минатата година. Корисниците на Huawei се меѓу првите што стигнаа до “ново ниво”, бидејќи меѓу додатоците од минатата година се AFK Arena, Asphalt 9: Legends, Clash of Kings и други.

Коментирајќи ги бројките за раст на екосистемот на Huawei, Дерек Ју, потпретседател на Huawei за Централна и Источна Европа при Huawei Consumer Business Group, изјави: „Нашата стратегија со AppGallery е да ја прошириме корисничката база за да поставиме солидна основа за развој на екосистемот и бројките покажуваат дека пристапот функционира. Не само што испорачуваме нови, локални апликации, обезбедуваме на нашите партнери растечка публика, туку создаваме и единствена можност да успееме на пазарот на мобилни апликации.“

Брзиот раст на AppGallery е поттикнат од инвестициите на компанијата во развојот на екосистемот на Huawei Mobile Services (HMS). Во моментов, HMS има над 8.000 инженери за истражување и развој и брои повеќе од 600 во својот глобален тим за техничка поддршка.

„На крајот на 2019 година во 25 земји во светот бројот на корисници на AppGallery надмина 1 милион. Овој број сега се искачи на 42 и продолжуваме да гледаме силен раст во Европа, Латинска Америка, регионот Азија-Пацифик, Средниот исток и Африка. Не станува збор само за квантитет, туку и фактот дека бројот на апликации интегрирани со HMS Core е скоро двојно зголемен за една година, покажува дека повеќе програмери ги користат Huawei уредите за да стимулираат иновации и да обезбедат подобро и поуникатно потрошувачко искуство“, вели Жанг Же, директор на “Глобални партнерства и развој на бизнис за еко-развој” при Huawei Consumer Business Group.

Стратегијата „Global + Local“ на AppGallery – Помош за локалните програмери да допрат до глобална платформа

Huawei се фокусираше на работа со програмери и на локално и на глобално ниво за да им обезбеди на корисниците најсоодветни апликации. Зголемувањето на бројот на развивачи кои работат со платформата обезбедува поголем избор за корисниците ширум светот, како и побогати деловни можности за самите даватели на апликации.

Преку AppGallery, тие допираат до значителен дел од локалните корисници на паметни телефони и таблети, истовремено и до растечката глобална база на корисници на платформата. Минатата година, во AppGallery се придружија глобалните апликации како што се Moovit и Bolt од транспортната индустрија, Viber во комуникацискиот сектор и други популарни апликации како Booking.com и Tidal. Голем број македонски апликации се исто така достапни, како МојДДВ, Telekom MK, Mojot A1, MaxTV GO, AirCare – Air Quality App, NLB mKlik, M-banking на Стопанска Банка, Халкбанк мобилно банкарство, мБанка на Комерцијална банка, My Unibank на УНИБанка.

AppGallery им помогна на повеќе од 10.000 кинески апликации да влезат на странски пазар и да го диверзифицираат глобалното корисничко искуство. Популарните платформи кои допреа до публиката низ светот преку AppGallery се: Banggood, Pascal’s Wager, Rise of Kingdoms: Lost Crusade и Night of Full Moon.

Поврзани вести

Samsung ги претстави Galaxy S20, S20 + и S20 Ultra (ВИДЕО)

msp-admin

По крајот на поддршката: Windows 7 под постојани хакерски напади

msp-admin

Signal изгрева за сметка на WhatsApp

Влатко Зорба