СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Се работи на олеснување на критериумите за аплицирање и исплата на финансиска поддршка за производствените компании

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерот за економија, Крешник Бектеши, директорите на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Дејан Павлески и на Дирекцијата за технолошко индустриските развојни зони, Јован Деспотовски, вчера вечер, заедно со членовите на работната група, одржаа состанок на кој се дискутираше за измените и дополните на Законот за финансиска поддршка на инвестиции.

Законот за финансиска поддршка на инвестиции, како дел од Планот за економски раст, кој почна да се применува од 2018 година, е важен за поттикнување на економскиот раст и развој на државата, преку поддршка на инвестициите за зголемување на конкурентноста на економијата и развојот на пазарот на трудот преку поддршка на вработувањата.

Со овој Закон се уредуваат видовите, висината, условите, начинот и постапката за доделување на финансиска поддршка на инвестициите на деловните субјекти кои ќе инвестираат во Република Северна Македонијa и претставува шема на помош согласно прописите за контрола на државна помош.

На оваа работна средба започнаа дискусиите за измени и дополни на дел од условите и критериумите за аплицирање за нови договори и исплата на веќе постоечките договори во услови на ковид криза. Ова е една од мерките од Петтиот пакет економски мерки, со која дополнително ќе се излезе во пресрет на барањата на стопанството, за олеснување на критериумите за аплицирање и добивање на соодветна државна помош за сите компании, домашни и странски, микро, мали, средни и големи, кои решиле да инвестираат во нови производствени хали, набавка на машини, алати и други основни средства за производство, но и да реализираат нови вработувања или дополнителни обуки за вработените дури и во услови на криза.

Со измените и дополните во Законот за финансиска поддршка на инвестиции, како мерка од петтиот пакет, ќе се олеснат условите за 245 компании кои имаат активни договори, а особено за потенцијално новите компании, кои инвестирале во 2020 година или ќе инвестираат во 2021 година, според Законот за финансиска поддршка на инвестиции. Планираните измени и дополни се прават, за да се излезе во пресрет на стопанството и на граѓаните, со што Владата уште еднаш го покажува својот отворен и партнерски пристап во креирањето на новата развојна економија на Северна Македонија, за побрз и одржлив економски раст.

Поврзани вести

Анѓушев од Вашингтон: Енергетската заедница ја прогласи С. Македонија за лидер во спроведување на енергетските реформи

Влатко Зорба

Поддршка од 10 милиони евра за спортот

Stefanija Kuzmanovska

Од утре почнува етапната исплата на јануарските пензии

Влатко Зорба