Стандард
ЕКОНОМИЈА

Најавуваат протест: Корона-кризата зема замав, засегнати 5.000 туристичките работници

Мирен протест пред Владата ќе одржат в среда, на 29 јули, туристичките работници, со цел да укажат дека без поддршка од државата не можат да ја надминат кризата во која се најдоа поради коронавирусот.

Како што соопштија попладнево, за протестот се пријавени повеќе од 700 учесници кои ќе бидат следени од автобуси. Протестот ќе почне симболично пред Дрво Декор, местото од каде најчесто тргнуваа туристичките тури, а ќе продолжи кон буеварот „Кочо Рацин”, улиците „11 Октомври”, „Димитрие Чуповски” и „Васил Главинов”, булеварите „ВМРО” и „Илинден”, до Владата.

Протест, нагласуваат, нема никаква политичка позадина, а со оглед дека се одржува во време на пандемија, преземени ќе бидат сите заштитни мерки, носење маски и дистанцирање.

– Сведоци сте на нашата борба во изминатите пет месеци за опстојување на нашиот сектор, поради кризата со КОВИД-19, како и барањата кои во повеќе наврати ги упативме кон сите надлежни институции, Министерство за економија, Министерство за финансии, со цел помош на туристичките агенции, водичи, пратители и превозници, но досега останаа неми за нашите апели и ниту еднаш не добивме никаква надеж дека воопшто ќе бидат разгледани. Од таа причина, одлучивме масовно да ја изразиме големината на нашиот проблем, преку мирен протест, кој ќе се одржи во среда (29.07.2020) со почеток во 16 часот, информираат организаторите.

Планирано е повторно обраќање на дел од учесниците, со цел повторно да се напомене дека цели пет месеци се без никакви примања, без никаква можност за одржување на секторите (туризам и превозници), како и дека доколку државата не помогне, ќе бидеме приморани во наредните денови да стават клуч.

-Само заеднички ќе успееме да се избориме за опстанок на повеќе од 5.000 вработени и повеќе од 300 агенции во целата држава, дополнуваат организаторите на протестот.

Поврзани вести

Инспекциските служби спровеле 11.358 надзори за спроведување на владините мерки

Димовски: Работодавачите треба да си ја отслужат казната, а не да им се дава рок да ги вратат средствата

Влатко Зорба

Влада: Во тек е исплатата на еднократната финансиска помош 6.000 денари

Берта Китинска
error: Превземањето на содржина без дозвола од авторот е дело казниво со закон!!!