СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Фејсбук и Инстаграм се повлекуваат од Европа?

Фејсбук тврди дека поради новите регулативи кои влијаат на начинот на размена на податоци меѓу ЕУ и САД, функционирањето на нивната основна мрежа и Инстаграм во Европа е доведено во прашање.

Компанијата ги доставила документите до Високиот ирски суд на 10 септември. Фејсбук ја оспори прелиминарната наредба издадена на почетокот на овој месец од ирскиот супервизор за заштита на податоците.

Комесарот за заштита на податоците се закани дека ќе го блокира Фејсбук да пренесува податоци од ЕУ во САД, сето тоа поради загриженост за приватноста.

„Во случај апликантот (Фејсбук) да биде подложен на целосна суспензија на преносот на кориснички податоци на САД, бидејќи сметаме дека тоа го предлагаат надлежните надзорни органи, на апликантот не му е јасно како, во овие околности, тој може да продолжи да обезбедува Фејсбук и Инстаграм во ЕУ“, изјави шефот за заштита на податоците на компанијата Фејсбук за Ирска, Ивон Кунан, додавајќи дека Фејсбук има 410 милиони активни корисници месечно во Европа.

Сепак, компанијата тврди дека ваквата изјава не претставува закана за повлекување од пазарот на ЕУ.

„Фејсбук не се заканува дека ќе се повлече од Европа. Правните документи доставени до Високиот суд во Ирска покажуваат само јасна реалност дека Фејсбук и многу други компании, организации и даватели на услуги се потпираат на трансфер на податоци помеѓу ЕУ и САД со цел нивната работа да функционира“, се вели во соопштението на ПР.

„Недостатокот на безбеден и легален меѓународен трансфер на податоци ќе и наштети на економијата и ќе го попречи растот на компаниите за податоци со седиште во ЕУ“, се додава во соопштението.

Vice News, кој ја доби целосната верзија на соопштението на Фејсбук, објави дека технолошкиот гигант исто така се пожалил на тоа дека е третиран неправедно, затоа што ниту една друга американска технолошка компанија не била на слична мета на надзорното тело.

Прелиминарната наредба од службата за мониторинг го доведе во прашање дали системот што Фејсбук во моментов го користи за испраќање податоци до САД има правна сила според бараните стандарди.

Споменатиот стандард се сметаше за валиден во јули како механизам за пренос на податоци помеѓу земјите, откако ЕУ го деактивираше долгогодишниот договор за пренос на податоци помеѓу ЕУ и САД.

Сепак, за да се квалификуваат за овие стандарди, државите мора да покажат доволно високо ниво на заштита на приватноста на податоците и загрижувачки е што американскиот систем за надзор на податоци е слабо усогласен со високите стандарди на ЕУ за приватност.

Поврзани вести

iPhone 5 ќе престане да работи, освен ако не инсталирате iOS 10.3.4 пред 3 ноември

msp-admin

Telegram со опција за автоматско бришење на пораките

Влатко Зорба

Apple го претстави новиот iPhone12 (ВИДЕО)

msp-admin