СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Google Docs веќе може да предвиди што ќе напишете

Google Docs добија големо ажурирање што може да ве искушува да го „откачите“ вашиот вообичаен програм за пишување текстови засекогаш. Авто-корекцијата сега се шири кај сите корисници, а Smart Compose пристигнува за секој со претплата за G Suite, помагајќи ви да работите побрзо, откако ќе предвидува што ќе напишете.

Двете карактеристики се воведуваат постепено, затоа не грижете се, ако се уште не можете да ги видите. Тие треба да пристигнат во следните неколку недели.

Smart Compose за прв пат се појави за Gmail во 2018 година, автоматски предлагајќи ги следните неколку зборови по реченица, врз основа на она што веќе сте го внеле. Тој „учи“ од вашите навики за пишување, а резултатите со текот на времето можат да станат поточни. Autocorrect го направи и своето деби на Gmail. Работи добро, но ако Google сепак избира погрешен збор, можете да задржите врз него, за да се покаже копчето „Cancel“.

Ќе откриете дека авто-корекцијата е овозможена стандардно во Google Docs, но можете да ја оневозможите со избирање на „Settings Tool“ и да го одштиклирате соодветното поле.

Поврзани вести

Huawei објави кои модели ќе ја добијат верзијата EMUI 11 на македонскиот пазар

msp-admin

Instagram споделува најмногу кориснички податоци со други компании

Влатко Зорба

Фејсбук објави голем раст на приходите и бројот на корисници во првиот квартал

msp-admin