Huawei се здружи со Devialet да развие паметен звучник наречен Sound X. Производот се одликува со атрактивен дизајн и оптимален квалитет на звукот. Huawei Sound X нуди аудио 360 степени и два субвуфери од 60 вати. Уредот е оптимизиран за употреба со гласовниот асистент Xiaoyi, како и системот за управување со паметни гаџети Huawei HiLink. Технологијата Speaker Active Matching” (SAM) се грижи за намалување на амбиенталниот шум.
Devialet е француска компанија специјализирана за развој на HiFi производи и може да се пофали дека Sound X е резултат на нивното прво технолошко партнерство во Азија. Димензиите на уредот се 203 милиметри височина, 165 милиметри ширина и 3,5 килограми тежина, пренесува Mashable. Официјалните податоци откриваат дека паметниот звучник се напојува со четири-јадрен процесор, дополнет со 512MB RAM меморија и вграден капацитет за складирање на мултимедијални датотеки од 8 GB.
Партнерството со Devialet дефинитивно има потенцијал да привлече повеќе корисници кон Sound X. Со сигурност можеме да кажеме дека ова е најдобриот паметен звучник на Huawei што сме го виделе досега. Кинескиот производител ќе започне со испораките најпрво на локалниот пазар, а дополнително ќе дознаеме детали за европската премиера. Цената на Huawei Sound X ќе биде околу 285 американски долари, а пред-нарачките се веќе започнати.