СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Instagram тестира опција за испраќање на директни пораки од компјутер

Развивачите на мобилната апликација на Instagram продолжуваат да бараат начини како да натераат повеќе луѓе да ја користат од компјутери. Instagram е една од најпопуларните комуникациски платформи, но најмногу се користи на паметните телефони. Сега разбравме дека тестови се веќе започнати за функционалност, што ви овозможува да испраќате директни пораки од десктоп верзијата на Instagram. Податоците ги објави Џејн Вонг, која постојано не известува за претстојните подобрувања во популарните услуги и апликации.

Според неа, тестовите се во напредна фаза, што значи дека корисниците наскоро ќе можат да го користат Instagram Direct од десктоп машината. Сè уште не знаеме точно кога да очекуваме премиерно да се појави оваа функција. Колку што Џејн Вонг знае, визијата за новиот Instagram Direct ќе наликува на дизајнот на Facebook Messenger. На пример, списокот со корисници и пораки што ги испратиле ќе бидат видливи лево, а индивидуалните прозорци за разговор ќе бидат десно, пренесува CNet.

Ве потсетуваме дека веб-верзијата на Instagram во сегашна форма ви овозможува да „скролате“ восвојот поток, но исто така да додавате коментари, да „лајкате“ постови и многу повеќе. Се чини дека едно од претстојните ажурирања на апликацијата ќе додаде опција за испраќање директни пораки. Интеграцијата на новата функционалност дефинитивно може да предизвика повеќе луѓе да започнат да комуницираат со своите пријатели на Instagram од нивниот компјутер. Програмерите на апликацијата сè уште официјално не ги потврдија информациите.

Поврзани вести

Chrome OS добива голем редизајн за својот 10-ти роденден

Влатко Зорба

Најбрзиот компјутер на светот има процесор со 18 GB со сопствена SRAM меморија и 400.000 јадра

msp-admin

Пристигна Zoox – автономното возило на Amazon (ВИДЕО)

msp-admin