СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Интернет-инфраструктурата е под огромно оптоварување

Пандемијата на коронавирус затвори стотици милиони луѓе во нивните домови. Најголем дел од своите активности тие ги преместуваат кон дигиталниот простор, што значително го зголеми глобалното користење на Интернет.

Интернет-инфраструктурата доживеа значително зголемување на обемот на работа поради зголемениот број на луѓе кои работат од своите домови и пазаруваат онлајн, по наметнатите мерки на претпазливост.

Бидејќи повеќето од нашите дневни активности мигрираат во дигиталниот простор, Интернет-инфраструктурата е под голем напон од огромен број корисници. Како резултат, е-трговијата цвета, во позадина на многу продавници, кои остануваат затворени поради безбедносните политики.

Покрај тоа, постои значително зголемување во користењето на дигитални услуги засновани на претплата, бидејќи забавата надвор од дома повеќе не е достапна опција.

Интернет-провајдерите ги олабавуваат ограничувањата во сообраќајот на податоците за да ги задоволат растечките потреби на потрошувачите, но некои експерти се загрижени за можноста Интернет-инфраструктурата да остане во чекор со зголемената побарувачка.

„Износот на време што луѓето го поминуваат на Интернет, без разлика дали е работа или опуштање, е огромно, што не е изненадувачки со оглед на сите ограничувања што се наметнуваат“, вели Винсентас Гриниус, извршен директор на Heficed.

Според него, во обидите да се одржи мрежната стабилност, побарувачката за Интернет сервери е зголемена за најмалку 30 проценти и со оглед на тековните случувања, потребата за адаптација на обемот на работа ќе продолжи да се зголемува.

Heficed, конкретно, има акумулирано доволно резерви на сервери за да одговори на зголемената побарувачка и да го намали напорот на инфраструктурата. Компанијата одржува широк спектар на хардвер во своите складишта во САД и Европа.

Компанијата, исто така, ги охрабрува компаниите да закупуваат неискористените IP ресурси преку IP-пазарот за да им олеснат на интернет провајдерите и другите компании на кои им е потребна мрежна инфраструктура.

Тековните настани открија колку добро се подготвени фирмите да користат оддалечена работна сила. Деловните VPN (приватни виртуелни мрежи) кои им овозможуваат на вработените директен пристап до системите на нивната компанија се преоптоварени. Висококвалитетните VPN-и се од суштинско значење за компаниите кои бараат да го продолжат својот бизнис, бидејќи организациите кои се помалку опремени на крајот ќе се свиткаат под притисокот на зголемениот обем на работа.

Адаптирањето на високо напредната мрежна инфраструктура понудена од Heficed може да им помогне на компаниите да се справат со зголемената употреба на мрежните ресурси и да ја одржат својата оперативна стабилност.

Интернетот можеби ќе треба да го „зајакне ‘рбетот“, бидејќи сè поголемата активност на Интернет предизвикува нов бран на интернет напади. Новите закани за корисниците на Интернет имаат за цел да извлечат чувствителни податоци, и овде давателите на услуги, како што е Heficed, можат да помогнат.

Тековната состојба открива некои слабости поврзани со мрежната инфраструктура, но спроведувањето дополнителни мерки за подобрување на нејзината стабилност ќе ги спречи компаниите да ги загрозат своите активности и да обезбедат нивно работење за време на пандемијата.

Поврзани вести

Boston Dynamics претстави робот што може да преместува 800 кутии на час (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Овие телефони први ќе добијат замена за Андроид

Sony работи на нови VR очила за PlayStation 5

Влатко Зорба