СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

КОВИД-19 ќе го принуди бизнисот да преразмисли како работи

Пандемијата од КОВИД-19 ќе ги принуди компаниите ширум светот радикално да размислуваат за тоа како тие работат и да преземат курс за технолошки инвестиции, се вели во новата анализа на ABI Research.

Аналитичарите ги опишуваат веројатните краткорочни и долгорочни влијанија што глобалната пандемија ќе ги има на технологијата и на пазарот во својата нова бела книга. Во извештајот се содржани препораки за совладување на бурата и стратегии кои можат да им помогнат на компаниите да се опорават и да напредуваат откако ќе замине пандемијата.

За да се случи промената, компаниите треба да бидат охрабрени до тој степен што не можат да сторат ништо друго освен да донесат смели одлуки за да преживеат. КОВИД-19 е поттик токму од таква величина, коментира ABI Research.

Смелите решенија и технолошките инвестиции можат да доведат до долгорочни резултати, како што се:

* Поконзистентна и широко распространета транзиција кон автоматско производство;

* Зголемена употреба на автономни превозни средства за материјали и стоки;

* Поинтегриран, разновиден и координиран ланец на снабдување;

* Инвестирање во паметни градови за поддршка на одржливоста на заедницата;

* Преминување кон виртуелни работни места и практики.

Пред да се почувствува ова потенцијално долгорочно влијание, ќе има некои сериозни краткорочни ефекти. Намалената потрошувачка, нарушување на синџирите на снабдување и намалената достапност на компонентите ќе создадат „турбулентно море за сите чамци“, соопшти ABI.

На краток рок, изгледите за инвестирање во модернизација ќе се влошат бидејќи инстинктите за преживување го надминуваат стремежот кон просперитет, очекуваат аналитичарите.

Поврзани вести

Над 400.000 работни места во Германија под закана заради електричните возила

msp-admin

Романската економија ги засенува останатите во ЕУ (инфографик)

Влатко Зорба

Волстрит со голем пад на почетокот на годината

Влатко Зорба