Не е тајна дека Microsoft развива оперативен систем Windows 10х за лаптопи со двојни екрани и други форм фактори, кои се очекува да стигнат на пазарот следната година. Но, се чини дека компанијата од Редмонд нема да се ограничи на ова.
Според оглас за работа на „LinkedIn“, Microsoft подготвува Windows 10X – базиран на IoT (Интернет на нештата) оперативен, објави Windows Latest. И, тоа е логично, затоа што компанијата веќе има слично решение, познато како Windows 10 IoT Core, кое работи со Raspberry Pi. Системот има графички интерфејс и поддржува UWP апликации.
Сè уште е тешко да се дознаат деталите или техничките аспекти на Windows 10X системот за IoT. Очигледно, ќе има скромни хардверски побарувања и најверојатно ќе биде модуларен. Ова ќе го реши, барем делумно, проблемот со компатибилноста на различни платформи.
Во моментов, нема информации за тоа кога ќе бидепуштена новата IoTплатформа, колку ќе чини, какви барања и можности ќе има.
Microsoft постојано ја промовира својата идеја за универзални апликации и универзален оперативен систем. Овој концепт треба да дозволи употреба на Windows 10 на уреди со екран ан преклоп, лаптопи, очила HoloLens, па дури и Xbox конзоли, откако истовремено ќе поддржува софтверска компатибилност.