СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Huawei продаде 100.000 паметни телефони Mate 30 5G за една минута

Веќе ве информиравме дека Huawei Mate 30 и Mate 30 Pro ќе бидат пуштени во продажба во Европа од ноември. Нема сомнение дека ова се двата најдобри паметни телефони произведени од компанијата досега. Моделите уживаат импресивна популарност на кинескиот пазар, и покрај недостатокот на пристап до апликациите на Google Play. Додека очекуваме официјално да започне продажбата на Mate 30 во Европа, дознаваме за интересно достигнување на Huawei, кои стартуваа со регистрации во Кина пред десетина дена.

Компанијата сега официјално потврди дека инвентарот од 100.000 паметни телефони е продаден за една минута. Ова е комбинирана сумаа на Huawei Mate 30 и Mate 30 Pro, кои нудат поддршка за 5G технологија. Следната интензивна продажба, која ја планира Huawei, ќе се случи на 5 ноември. Некои корисници ќе ги добијат новите Huawei Watch GT2, аудио слушалките Freebuds 3 или таблетот Huawei MediaPad 6 како подарок.

Добро е да се знае дека верзиите на предводниците со 5G се достапни во две бои, кои не се достапни кај стандардните модели. Овие се Vegan Lather Orange и Vegan Leather Green, објави gsmarena. Брзината е загарантирана со процесорот 7мм Huawei Kirin 990, а долгиот век на траење на батериите од 4200mAh / 4250mAh со опција за брзо полнење од 40W. Сепак, големото прашање што останува е дали европските потрошувачи ќе бидат заинтересирани за Huawei Mate 30 и Huawei Mate 30 Pro.

Поврзани вести

Веќе ќе можеме да испраќаме пораки во Gmail како атачменти

msp-admin

Корисниците на iOS веќе имаат пристап до илјадници фонтови од Adobe

msp-admin

Епл направи заштитна маска која штити од корона (ВИДЕО)

msp-admin