СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Фејсбук ќе им овозможи на своите вработени да работат од дома до крајот на годината

Фејсбук денеска соопшти дека ќе им овозможи на своите вработени, кои имаат можност да работат од дома, тоа да го прават до крајот на годината.

Како што пренесуваат странските агенции, одлуката е донесена во време кога пандемијата на коронавирус ги принудува владите да продолжат со мерките за седење дома за да го контролираат ширењето на болеста.

Компанијата очекува повеќето нејзини канцеларии да останат затворени до 6 јули, изјави нејзиниот портпарол.

Вирусот, кој досега зарази повеќе од 3,8 милиони луѓе ширум светот, наложи воведување сериозни блокади во повеќето земји и го смени начинот на функционирање, а работењето од дома сега се појавува како нова норма. 

Поврзани вести

Samsung наскоро може да претстави сензор од 200MP

Влатко Зорба

Apple работи на отклучување на iPhone со маска

Влатко Зорба

Премиерата на AirPods Pro 2 и iPhone SE (2021) ќе биде во април

Влатко Зорба